Одбојкарите на АЦХ Волеј предводени од нашит капитен Никола Ѓорѓиев го освоија 13. шампионски наслов во Централно-европската лига наречена МЕВЗА. Синоќа во финалниот натпревар против словенечки Калцит Камник по час и 53 минути борба, АЦХ Волеј славеше со 3:1 (23:25, 25:18, 25:22, 25:23).
Никола Ѓорѓиев и овој пат беше најдобар поентер во победничкиот состав со 24 реализирани напади. За нашиот капитен кој летово ќе бид епредводник на генерацијата која ќе игра на Европското првенство во Скопје, ова е втор трофеј од почетокот на годинава, откако пред некоја недела го освои и словенечкиот куп.