БББ со порака до Адеми: 373 пати срце на терен – капитену ти благодариме!

561

Во моментов во Загреб на “Максимир“ се игра мечот меѓу Динамо Загреб и Ријека. Ова е “Последниот танц“ на иконата на Динамо, Аријан Адеми, кој после 13 години минати во таборот на “модрите“, си заминува и тоа во Кина.

И како што доликува, македонскиот репрезентативец е испратен на спектакуларен начин, денеска Адеми за последен пат игра за својот Динамо.

Посебно фановите на клубот, БББ на спектакуларен начин потсетија што тој значи и значеше за Динамо, па така тие преку транспарент му порачаа…

373 пати срце на терен- капитену ти благодариме“.

Оваа бројка значи колку натпревари Адеми одиграл за Динамо Загреб.

Интересно уште во 1.минута, по центаршутот на Ристовски, Адеми имаше супер шанса за гол.

Image

Image

Image

ПретходноОсми пораз во низа за Вецлар на Кузмановски!
СледноВардар 1961 се чекираше на фајнл-фор завршницата во Купот!