Во последниот меч од 24.коло во ПМФЛ, попладнево на Автокоманда, Шкендија со 0:2 славеше против домашниот состав на Скопје.
Интересно беше на оваа средба, желба имаше од двете страни, но сепак тетовци го освоија пленот благодарение на прекрасниот гол на Шаља во 22.минута, но и на Чинари во 78.минута. Исто така убав гол, исто од дистанца.
Инаку мечот започна внимателно од двете страни, како се испитуваа силите. Првата можност ја имаше Омерагиќ, но не успеа да се снајде најдобро во таа 18.минута и шансата за водство на Скопје пропадна.
Затоа не пропушту Аденис Шаља да постигне ефектен гол во 22.минута кога испали “проектил“ од 20 метри за водство на Шкендија.
По тој гол тетовци во следните минути имаа две шанси, едната на Чинари беше навистина добр, сепак голманот Ефремов беше на место.
До крајот на првиот дел и Тодоров се закани,но немаше израмнување.
Во вториот дел Скопје се отвори, немаше веќе што да чува. Сепак видовме нервозна игра, со многу прекини, но и со малку шанси на двете страни.Шкендија умешно и квалитетно знаеше како да го чува тоа драгоцено водство.
И не само што го задржа туку и го удвои со голот на Чинари во 78.минута за 0:2.
Со овие три бода Шкендија сега е на -5 бодови во однос на лидерот Струга ТЛ и на само еден бод помалку од вториот Шкупи, ова значи дека битката за титулата за вжештува.