УФЦ: Едвардс го победи Усман и ја одбрани титулата!

156

Леон Едвардс (21-3, 1 НЦ) ја одбрани титулата на УФЦ 286 во полусредна категорија пред домашната публика во преполната О2 арена. По судиска одлука и пет рунди го победи Камару Усман (20-3). Двајца судии пресудија 48-46, додека еден 47-47.

Да потсетиме, во август Едвардс му го одзеде појасот на досега непоразениот Усман со шокантен нокаут на минута пред крајот на последната рунда. Усман и овој пат беше фаворит, но Едвардс со одлично издание ја одбрани титулата.

Во вториот главен меч Американецот Џастин Гетџи беше подобар од Рафаел Физиев. Физиев имаше далеку подобр старт, со повеќе удари, но Гетџи успеа да се врати во послената рунда, која му ја донесе победа на поени.

Гејџи славеше со мнозинска одлука (29–28, 29–28, 28–28), а побара уште една шанса да се бори за шампионската титула во лесна категорија.

ПретходноПМФЛ: “Пиратите“ и Јонуз ќе удрат на забревтаната Шкендија
СледноВМФЛ: Вардар во Кичево ќе атакува по нови бодови, Охрид гостува во Радовиш…