Јувентус победи на „Меаца“ со контроверзен гол (видео)

887

Со голот на Филип Костиќ екипата на Јувентус го совлада Интер во дербито на Италија на „Џузепе Меаца“ со резултат 0:1 во меч од Серија А. Натпреварот изобилуваше со интересни моменти, ни судијата ни ВАР не се огласи по играњето со рака на Рабио, а потоа и на Влаховиќ. Во продолжение на акцијата Влаховиќ повторно играше со рака но и тоа не беше забележано па топката дојде до Филип Костиќ кој ја погоди мрежата. Судијата со помош на асистентите од ВАР собата го призна голот и предизвика реакции на домашните играчи и навивачи затоа што сметаат дека се оштетени во претходните ситуации.

Интер остана на третата позиција со 50 бода, два помалку од второпласираниот Лацио. Јувентус е седми со 41 бод и четири бода помалку од последното место кое води во Конференциската лига.

ПретходноШифрин со 88. победа во кариерата ја заврши сезоната во СК
СледноБарса го доби „Ел Класико“ и ја зголеми предноста на +12 во однос на Реал