Најдобрите два тима во домашното одбојкарско првенство во машка конкуренција, Струмица Никоб и Шкендија не дозволија поголеми изненадувања во рамките на 8. коло од пелј-оф фазата. Струимица Н. беше пред вистински предизвик против одличниот состав на ГОК Борец и успеа да го добие мечот во четири сета, откако гостите од Велез одиграа добар меч, но успеаја да освојат само еден сет.
Слична разврска имаше и второто дерби. Во Скопје Шкендија дојде до победа од 3:1 над екипата на Работнички, која одигра добар меч во кој му беше достоен ривал на моментно второпласираниот тим на табелата.
Најибедли во оваа рунда беше тимот на Лирија кој немаше поголеми проблеми за да прокнижи нова победа на гостувањето кај Весна Пробиштип.
Во плеј-аут зоната сосема очекувано Сушево и Штип дојдоа до максимални победи.
Прва лига (мажи), Втора фаза-1, (8.коло)
Струмица Никоб – ГОК Борец 3:1 (27:25, 22:25, 25:14, 25:20)
Работнички 71&22 – Шкендија 1:3 (22:25, 16:25, 25:23, 19:25)
Весна Пробиштип – Лирија 0:3 (19:25, 16:25, 15:25)
Табела: Струмица Никоб 17-1, Шкендија 15-3, ГОК Борец 14-4, Работнички 9-9, Лирија 8-10, Весна Пробиштип 6-12.
Прва лига (мажи), Втора фаза-2, (8.коло)
Македонија Џио – Сушево 0:3 (15:25, 23:25, 19:25)
Штип УГД – Петровец 3:0 (25:8, 25:14, 25:10)
***Слободна е екипата на Универзитет во Тетово
Табела: Универзитет во Тетово 9-7, Штип УГД 8-8, Сушево 5-11, Македонија Џио 2-15, Петровец 2-15.