Бундеслигата има нов лидер, Баерн поразен во Леверкузен! (ВИДЕО)

182

Лидер во Бундеслигата сега е Борусија Дортмунд, а не Баерн Минхен откако “баварците“ во драматичен меч загубија од Леверкузен попладнево на дербито.

Се тргна добро за гостите кои поведоа со голот на Кимих во 22,минута, но Палациос двапати од пенал му донесе победа на Левекузен и тоа во 55. и 73.минута. И двата пенали беа досудени по интервенција на ВАР.

Сега Дортмунд има 53 бода а Баерн Минхен еден помалку.

ПретходноЈунајтед со пресврт до полуфинале во ФА Купот, можно мега – финале со Сити! (ВИДЕО)
СледноАлександар Трајковски: Не смееме да кажеме дека против Малта ќе биде лесно!