Да, ете вака се игра за титула. Ново шоу на Арсенал на „Емирати“ и нова победа, денеска над Кристал Палас, со 4:1. Нема што, четата на Микел Артета игра шампионски и на пауза заминува со +8 бодови во однос на Манчестер Сити, но и си меч повеќе.
Блескаше Сака со два гола и тоа во 43. и 74.минута, стрелаа и Мартинели и Џака, додека единствениот гол за гостите беше дело на Шлуп во 63.минута кога тогаш беше 3:1 за Арсенал.