Вардар 1961 се чекираше на фајнл-фор завршницата во Купот!

133

Очекувано, Вардар 1961 е третиот патник на фајнл-фор завршницата во Купот на Македонија. Актуелниот бранител на трофејот на домашен терен го совлада Скопје 2020 со 37-24. Во составот ги немаше Стојанче Стоилов и Борко Ристовски.

„Црвено-црните“ оваа средба ја решија на почетокот на првото полувреме. По 5-5, ракометарите на Вардар со ссерија од 6-0 поведоа со 11-5. На одморот позитивата беше седум гола (19-12), доволна за мирен финиш.

На стартот на второто полувреме, Вардар 1961 поведе со двоцифрени 25-15 и стави крај на овој дуел.

Јан Чувара со девет гола беше прв стрелец, зад него беше Мишевски со осум погодоци. Кај поразениот состав, Митиќ беше стрелец на шест гола.

Последениот патник на завршницата во Купот на Македонија ќе биде познат подоцна, во овој момент се игра мечот меѓу Вардар Неготино и Алкалоид. Вчера место заверија Пролет и Пелистер.

ПретходноБББ со порака до Адеми: 373 пати срце на терен – капитену ти благодариме!
СледноСосиедад убедлив против Елче, Вилјареал ја уништи Осасуна на нејзин терен!