Попладнево од 15 часот се играат пет средби од 21.коло во ВМФЛ. Вчера Гостивар и Беса си ја завршија работата славејќи убедливи победи над Слога (В) и Беласица, а денеска во центарот на вниманието ќе биде дуелот меѓу Пехчево (Локомотива) и Вардар. Дуелот меѓу двете скопски екипи од познати причини ќе се игра во Кичево, а Вардар мора по секоја цена да ги освои трите бода со оглед на дека на ваквите мечеви не смее да има кикс.
Охрид му гостува на Детонит во Радовиш, додека Тетекс ќе игра со Саса на гости. Караорман го дочекува Кожув, Борец ќе му биде домаќин на составот на Арсими.
Познато е дека големото дерби од ова коло, помеѓу Воска и Пелистер, се игра во среда.
ДВОЈКИ ЗА 21.КОЛО – ДЕНЕСКА (15 Ч)
Саса – Тетекс
Пехчево – Вардар
Караорман – Кожув
Борец – Арсими
Детонит – Охрид
СРЕДА:
Воска Спорт – Пелистер
ВЧЕРА:
Гостивар – Слога (В) 5:0
Беса – Беласица 3:0
ТАБЕЛА: Вардар 49, Гостивар 48,Воска 47, Пелистер 43, Детонит 36,Беласица 32, Беса 30, Охрид 29, Караорман 26, Арсими 24, Кожув 22, Пехчево 20, Саса 16, Тетекс 14, Слога (В) 13, Борец 2