Во четвртфиналето на англискиот ФА Куп, Манчестер Сити славеше против Барнли со 6:0, а Ерлинг Халанд постигна хет-трик.
Неверојатниот норвешки напаѓач пред неколку дена постигна дури пет гола во победата на Сити над Лајпциг во Лигата на шампионите (7:0).
Така го израмни рекордот на Меси и Адријан по број на голови на еден натпревар од Лигата на шампионите (5), а многумина мислат дека можел да го собори. Гвардиола го извади во 63. минута од играта и на интернет кружеа коментари дека тоа го направил за Халанд да не го собори рекордот на неговиот миленик Меси.
Гвардиола повторно рано го извади од игра Норвежанецот, а по натпреварот против Барнли го искоментира со иронија.
“Постигна осум гола за четири дена. Играв осум години во Барселона и постигнав 11 гола. Неверојатно е. Да, го извадив од теренот бидејќи не сакав да го собори рекордот на Меси, тоа е причината”, изјави Гвардиола со голем сарказам.
Халанд сезонава веќе постигна шест хет-трика во сите натпреварувања и се чини дека нема намера да застане тука. На 37 натпревари има вкупно 42 гола.