Имаме нов светски шампион во скијачки скокови. Тоа е Халвор Егнер Гранеруд од Норвешка кој иако не успеа да победи на денешните скокови во Викерсунд, сепак, со второто место освои доволно бодови за првото место во севкупниот пласман и титулата.
Гранеруд уште по првата серија го осигура првото место во конечниот поредок со летот од 234 метри со што беше убедливо прв пред Штефан Крафт. На крајот Крафт беше прв во Викерсунд, Гранеруд втор додека на третото место се пласира Анже Ланишек.
Инаку, второпласираниот во генералниот пласман Давид Кубацки не освои бодови затоа што се повлече од приватни причини, па Гранеруд освои поени со кои остана недостижен на првото место.
Инаку, Гранеруд оваа сезона 18 пати беше на подиумот, а оствари дури 11 победи. Тој ја освои и Новогодишната турнеја. За Норвежанецот ова е втора титула светски шампион во кариерата затоа што беше прв во Светскиот куп и во сезоната 2020/21.