Фудбалерите на Барселона и Реал Мадрид вечерва од 21 часот ќе се сретнат по четвртипат сезонава, во второто лигашко „Ел Класико“ кое би можело да ја одреди и титулата во Ла Лига. Барселона во пресрет на овој меч има девет бода повеќе од најголемиот ривал и во случај на победа би отишла на огромни +12, но и во случај на триумф на Реал Мадрид битката за шампионскиот наслов ќе биде отворена до самиот крај на сезоната.
Во првиот лигашки натпревар Реал победи со 3:1 и тоа беше единствената победа на „кралевите“ во трите досегашни пресметки со Каталонците, кои потоа победија во финалето на шпанскиот Суперкуп во Ријад со 3:1 и во првиот полуфинален натпревар од Купот на кралот на „Сантијаго Бернабеу“ со 1:0.
Двајцата тренери, Чави Ернандез и Карло Анчелоти денеска ќе можат да сметаат на речиси сите свои играчи, иако рфостерите се некомплетни само со Педри и Усман Дембеле кај Барса, односно Алаба кај Реал. Дополнителна тежина на ова „Ел Класико“ му даваат и случувањата со скандалот кој сериозно го тресе шпанскиот фудбал. Во прашање се сериозните обвинувања дека двајцата претходни претседатели на Барселона, Сандро Росел и Хосеп Марија Бартомеу уплатиле огромни суми пари на сметката на компанијата на поранешниот потпретседател на Судискиот комитет на Ла Лига – Негреира, во период од 2014 до 2018 година. Како и во се, приказната има две страни, епилогот се уште е нејасен.
Иако ова му е веќе шесто, сепак за тренерот на Барселона Чави ова е само прво „Ел Класико“на „Камп Ноу“. Досега има биланс од три победи и два порази.
Последен пат Барса како домаќин славеше на 28 октомври 2018 година кога беше 5:1, оттогаш билансот е 0-2-2 во корист на Реал. На последните 10 дуели на „Камп Ноу“, Реал има двојно повеќе победи – четири, а Барселона само две.
МОЖНИ СОСТАВИ:
Барселона: Тер Штеген, Араухо, Кунде, Кристенсен, Балде, Бускетс, Де Јонг, Педри, Гави, Рафиња, Левандовски.
Реал Мадрид: Куртоа, Карвахал, Милитао, Ридигер, Начо, Чуамени, Модриќ, Крос, Валверде, Винисиус, Бензема.