Екипата на Вардар предмалку потешко од очекувањата успеа да слави над тимот ан Пехчево со конечни 1:2. Мечот одигра во Кичево за Вардар беше императив, а се покажа дека лидерот на ВМФЛ конкуренцијата нема лесна задача против никого пролетва.
Па така, откако Цветаноски донесе водство за Вардар во првиот дел, до полувреме Пехчево израмни. Сепак, тензијата траеше до последните моменти од мечот, кога Вардар успеа одново да погоди за водство, а овојпат и за конечен триумф преку Жоглев.
Токму тоа е играчо кој пролетва на Вардар му носи шест бода. Најпрво во Охрид, а сега и во Кичево против Пехчево.
Пехчево – Вардар 1:2
Детонит – Охрид 1:1
Саса – Тетекс 0:0
Караорман – Кожуф 0:0
Борец – Арсими 2:4