Беше долго време дел од младинската селекција на Македонија, беше и капитен, но сега е време за А- презентацијата. Се разбира дека мислиме на Давор Здравковски кој доби деби – повик од страна на селекторот Благоја Милевски за мечот со Малта.
Во пресрет на првиот тренинг вечерва на ФФМ, играчот за врска на АЕЛ Лимасол истакна:
“Голема чест и задоволство е да се биде дел од ова фамилија тука. Секој фудбалер има сон да биде еден ден А-репрезентативец. Секако дека сум подготвен да се ставам во функција на тимот и на барањето на селекторот. Прв меч ќе биде со Малта, но Македонија секогаш си има свои цели и секогаш одиме на позитивен резултат. Притисок да, но некогаш подобро е да се има притисок за поголем предизвик. Доколку ќе бидеме како што треба, нашите шанси за тука“ изјави Здравковски.