Историја во Автокоманда, Алкалоид завери место во Куп завршницата!

554

Алкалоид испиша клупска историја, се пласираше на фајнл-фор завршницата во Купот на Македонија, откако во својата група го совлада Вардар Неготино со 23-36 (16-17). Избраниците на Кирил Лазаров за разлика од вчерашниот драматичен дуел со Бутел Скопје, оваа средба ја решија на стартот на второто полувреме со една мини серија успеаја да го наметнат своето темпо, кое беше тешко за противникот.

Првото полувреме мина со релативно изедначена битка, во која Алкалоид на момент имаше два гола позитива 4-6, 5-7 и 7-9, но на другата страна Вардар Неготино најде начин како да се врати во мечот, сос ерија од 4-1 поведе за првпат на оваа средба. Алкалоид веднаш одговори, на одморот замина со еден гол позитива 16-17.

Вардар Неготино падна на стартот на второто полувреме, првиот гол го постигна после пет минути. Алкалоид отвори со серија од 4-0 и поведе со 16-21 пред овој погодок на противникот. Ова беше повеќе од доволно за младите ракометари на Лазаров, влегоа во победнички ритам. На четири минути до крајот позитивата беше и двоцифрена (22-32).

Митев со седум гола беше прв стрелец, еден помалку имаше Стојков. Кај Вардар Неготино, Адамовиќ беше стрелец на девет гола.

Претходно место на завршницата во Купот на Македонија обезбедија Вардар 1961, Пролет и Пелистер.

ПретходноЗдравковски: Чест е да се биде тука, во А-репрезентацијата!
СледноЈунајтед со пресврт до полуфинале во ФА Купот, можно мега – финале со Сити! (ВИДЕО)