„Максимир“ му се поклони на капитенот: Адеми го зема микрофонот и испрати порака до „Бед Блу Бојс“ (ВИДЕО)

5985

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми вечерва на Максимир го одигра последниот меч во дресот на Динамо Загреб, кој славеше против Ријека со 1-0. Тој во дресот на „модрите“ запиша 373 натпревари. имаше спектакуларно збогување од Динамо Загреб.

Лавот Адеми беше со овации испратен од 12.000 навивачи на „Максимир“. По завршување на мечот го зема микрофонот и им се обрати на „Бед Блу Бојс“, кој го скандираа неговото име.

„Не знак од каде да почна и како да завршам. Ова беа најдобрите 13 години во мојот живот. Јас ќе бидам секогаш со вас“, се дел од зборовите на Адеми, кој својата кариера ја продолжува во Кина. 

ПретходноАлександар Трајковски: Не смееме да кажеме дека против Малта ќе биде лесно!
СледноЛацио го доби дербито на Рим (видео)