Лионел Меси се уште не го обновил договорот со ПСЖ, бидејќи се сомнева во проектот на клубот.
Според Фабрицио Романо , ПСЖ веќе доставил понуда до Меси за продолжување на договорот, но истата не е прифатена, само поради тоа што Меси не верува во овој ПСЖ дека може да биде европски гигант.
Во декември, двете страни постигнале вербален договор за продолжување на договорот и решија да почекаат да разговараат за деталите. На првата средба за ова прашање, која се одржа во февруари, страните не можеа да постигнат целосен договор, а тоа не е поврзано само со финансиската страна на прашањето.
Меси сака да види каков ќе биде клубот следната сезона: кои играчи ќе си заминат, дали тренерот ќе остане. Лео исто така сака да посвети повеќе време на разговори за должината на новиот договор. Во оваа насока, ќе треба да одржат уште неколку средби.
Меси има намера да остане во Европа, но дали ПСЖ ќе го убедли со проектот за следната сезона, засега не се знае.