По неколку месеци откако последен пат се сретнаа во ноември, старите ривали Интер и Јувентус вечерва ќе се сретнат во јубилејното 180-то „Дерби д’Италија“ во рамките на новото коло во Серија А. Двата тима имаа одлична недела во европските купови, па сега треба да ги потврдат своите квалитети и на домашно тло.
Интер и Јуве вечерва ќе се сретнат на два натпревари од нивното претстојно полуфинале во Купот, но прво „нероаѕурите“ имаат за цел да ги уништат и малите надежи на Јуве да заврши меѓу првите четири, а истовремено да ги подобрат своите шанси за сигурен пласман во ЛШ и следната сезона. Сите соништа за Скудето се одамна исчезнати, бидејќи лидерот во Серија А, Наполи има 18 бода предност и скоро да нема клуб кој би можел да им се испречи на патот до титулата.
Покрај Купот на Италија, најдобриот пат на Јуве до малку радост оваа сезоната погодена од кризата и одземените бодови, сигурно лежи во Лигата на Европа. Сепак, момците на Алегри кои се на седмото место во Серија А не се откажуваат од бодовите на сите преостанати средби до крајот на сезоната во лигата. Успех на неделното „Дерби д’Италија“ би можел да биде клучен за зголемување на самодовербата кај „Старата Дама“ за завршницата на сезоната.
МОЖНИ СОСТАВИ:
ИНТЕР: Онана; Дармијан, Де ВрАј, Ачерби; Дамфрис, Барела, Чалханоглу, Мхитарјан, Димарко; Мартинез, Лукаку
ЈУВЕНТУС: Шчесни; Данило, Бремер, Гати; Де Шиљо, Фаџоли, Локатели, Рабио, Костиќ; Ди Марија; Влаховиќ
Во предигра на дербито во Милано, денеска од 18 часот ќе го гледаме градското дерби во Рим меѓу лутите ривали Лацио и Рома. Поделени со само два бода и две места во поредокот во Серија А, лацио и Рома ќе се судрат на својот „Олимпико“ во уште една жестока пресметка и на теренот и на трибините.
Во 180-тото „Дерби Дела Капитале“, бјанкочелестите кои испаднаа од европските купови оваа недела ќе се обидат да ја спречат „волчицата“ на Мурињо да им го презем третото место на табелата со евентуален триумф денеска. Тоа би била и добра одмаза за поразот во првото градско дерби во ноември минатата година, кога со голот на Фелипе Андерсон, Лацио дојде до посакуваниот триумф, кој беше прва гостинска победа за бланкочелестите протов Рома од 2012 година.
Поради повреда на бутот ѕвездата на Лацио, Чиро Имобиле, ќе паузира и на денешниот дуел. Отсуството на нивниот капитен повторно би требало да го покрие Фелипе Андерсон, а крилниот напаѓач ќе игра во улога на „лажна деветка“.
Додека капитенот на Лацио се уште е недостапен, капитенот на Рома, Лоренцо Пелегрини е подготвен за игра, откако го пропушти поразот минатата недела од поранешниот клуб Сасуоло поради повреда на главата. Сепак, црвениот картон на Мараш Кумбула ќе мора да го остави на трибините за денешното дерби.
МОЖНИ СОСТАВИ:
ЛАЦИО: Проведел; Марушиќ, Казале, Ромањоли, Хисај; Милинковиќ-Савиќ, Каталди, Алберто; Педро, Андерсон, Закањи
РОМА: Патрисио; Манчини, Смолинг, Ибанез; Жалевски, Кристанте, Матиќ, Спинацола; Пелегрини, Дибала; Аврахам