И дефинитивно овој прескап тим на ПСЖ, вреден стотина милиони евра е КАТАСТРОФА. Не само што испаднаат онака лесно од ЛШ, сега полнаа да губат редовно и во Ла Лига, а полнаа да губат и на свој терен пред гневните фанови на тимот од Париз.
Рен си го “преслуша“ тимот на Меси, Мбапе и компанија со 0:2. Пораз кој и дефинитивно треба да значи дека тренерот Криштоф Галтие треба на клоци да биде исфрлен од тимот, или пак тоа да се стори со играчите, друго нема.
Инаку интересно беше пред мечот кога се најавуваше составот на ПСЖ кога фановите упатија свирежи кога го слушнаа името на Лео Меси.
Да, на крај да кажеме дека стрелци за Рен беа Токо Екамби во 45.минута и Калимуендо во 48.
Инаку ова е прв пораз на ПСЖ дома по април 2021 година. Речиси две години “светците“ не знаеаја за пораз во Ла Лига, но, ете, дојде и тој ден.