Вецлар никако не успева да стави крај на серијата порази во Бундес-лигата во која се бори за опстанок. Тимот за кого настапува македонскиот репрезентативец, Филип Кузмановски, а помошен тренер е Филип Миркуловски на домашен терен беше поразен од Бергишер со 22-28 во меч од 23. коло.
За Вецлар ова беше 18 пораз, со едно реми и четири победи се наоѓа на 16 место на табелата, поточно над опасната зона.
Македонскиот репрезентативец, Филип Кузмановски постигна еден гол од два обиди.