Пелистер брзо се „отрезни“, не виде мака против Еуро Никел!

92

По шокантниот пораз од Чаир во минатото коло, Пелистер брзо им се врати на победите. Битолскиот тим на домашен терен ја доби битката со Еуро Никел, славеше со убедливи 92-74. Со 14 триумф, Марјан Илиевски и неговите момци остануваат на второто место на табелата, зад МЗТ Скопје, кој има меч помалку.

Уште на стартот беше јасно дека кошаркарите на Пелистер се цврсто решени да се вратат на старите патеки и да потврдат дека во Скопје имаа само лош ден, поведоа со 24-18, на одморот зголемија на 49-37.

Во продолжение не му дадоа шанса на кавадаречкиот состав да помисли на кам-бек, го држеа потребното темпо за да стигнат до целиот плен. За Еуро Никел ова беше седми пораз, со 11 победи засега е на шестото место со 29 бода исто колку и Феникс.

Хаџифејзовиќ беше незапирлив, постигна 26 поени и 8 скока, зад него беше Стајиќ со 17 поени и 10 асистенции. Кај поразениот состав Стојановски имаше 15 поени, додека Планиниќ запиша дабл-дабл од 12 поени и 10 скока.

Последната средба од 18 коло се игра за два дена, Чаир го пречекува МЗТ Скопје.

ПретходноСветнаа рефлекторите на ФФМ, репрезентативците го одработија првиот тренинг пред дуелот со Малта! (ФОТО)
СледноИма надеж за МЗТ Скопје во АБА-лига!