Скопје – Шкендија 0:1 по првото полувреме од последниот меч од 24.коло во ПМФЛ. Се игра на Автокоманда, а според играта и настаните на теренот, тетовци можеа да водат со поубедлив резултат.
Сепак првата шанса ја имаше Скопје преку младиот Омерагиќ, кој не се снајде најдобро во таа 18.минута.
Аденис Шаља во 22.минута врати со гол, прекрасен шут од дваесет метри, голманот на домашните Ефремов беше немоќен.
Во следните неколку минути Шкендија имаше уште две шанси, од кои онаа на Чинари навистина беше голема, но сепак немаше удвојување на водството.
Скопје во последните минути како да се подотвори, сепак на пауза се замина со минимално водство на Шкендија.