Рамани: Силекс е на вистински пат сезонава, а со Македонија посакувам супер подготовки и добри квалификации

340

Домашниот ПМФЛ шампионат вчера имаше уште една епизода која што ќе биде финиширана денеска. Имаше неочекувани резултати, но и оние за кои сметаме дека се реални во моментов. Како на пример, триумфот на Силекс над Победа од високи 1:5 на гостински терен. Уште една одлична партија на кратовци, која започна уште во шестата минута од мечот, кога младинскиот репрезентативец на Македонија, Хамза Рамани го отвори резултатот.

„Па очигледно дека кога ќе освоиш 12 од 15 можни бодови пролетва, работите одат како што треба. Силекс пролетва е во одлична форма но тоа е плод на напорната работа, тренизите, и секако дисциплината, однесувањето според упатствата на стручниот штаб на чело со Горазд Михалов. Сметам дека како тим функционираме одлично, и тоа е дел од овој успех. Дали истиот ќе ни донесе и место погоре на табелата? Зошто да не. Одиме меч по меч, освојуваме бодови и мислам дека заслужено сме онаму каде што сме“ – вели за Спортмедиа, У21 репрезентативецот на Македонија, Хамза Рамани па додава.

„Сега следува турнирот во Анталија. За нас многу важен за да дополнително се воиграме, добиеме на искуство како генерација и максимално да влеземе во следниот квалификациски циклус. Мислам дека имаме квалитет и потенцијал за успех, а тоа ќе го докажеме и на терен“ – вели Рамани, кој утре од 16:00 часот треба да се појави на прозивката на селекторот Драган Канатларовски.

ПретходноМеси не потпишува со ПСЖ додека не види каков ќе биде тимот идната сезона
СледноПМФЛ: “Проектил“ на Шаља за водство на Шкендија!