Екипата на Сампдорија со 3:1 ја совлада Верона на отворањето на денешната Серија А програма и со тоа колку толку си ги подобри шансите сезонава да се спаси од испаѓање.
Во дуелот на две од трите последнопласирани екипи на табелата, домаќинот преку Маноло Габиадини во 24 односно 35 минута стигна до 2:0.
Фараони во 89. минута намали на 2:1, а конечниот резултат го постигна Заноли во деветтата минута од судиското продолжение.