Серхио Перез со триумф во Џеда, на Алонсо поради казна остана без место на подиумот

110

Серхио Перез ја оствари својата петта победа во Формула 1 по тријмфот на Гран При на Саудиска Арабија во втората трка за сезоната 2023. Мексиканецот имаше мали проблеми на стартот затоа што беше претекнат од Алонсо на првата кривина. Меѓутоа бргу си го врати првото место и така остана до крајот.

Втор во Џеда заврши клупскиот колега на Перез во Ред Бул, Макс Верстапен кој го запиша и најбрзиот круг. Светскиот шампион тоа го направи во финишот, а на крајот оствари добар резултат со оглед на тоа дека стартуваше 15-ти по проблемите со полуоската во квалификациите вчера.

Заедно со двајцата возачи на Ред Бул на подиумот се качи и Фернандо Алонсо. Меѓутоа по трката Шпанецот доби казна од 10 секунди со што падна на четвртата позиција, а третото место го зазеде Џорџ Расел од Мерцедес.

Другиот возач на Мерцедес Луис Хамилтон заврши петти, а поени на втората трка сезонава освоија уште Карлос Сајнц, Шарл Леклер, Естебан Окон, Пиер Гасли и Кевин Магнусен.

ПретходноЛацио го доби дербито на Рим (видео)
СледноСветнаа рефлекторите на ФФМ, репрезентативците го одработија првиот тренинг пред дуелот со Малта! (ФОТО)