Се менуваат работите на Западот: Сакраменто сериозно му се закани на Мемфис (ВИДЕО)

134

Мемфис и Сакраменто влегоа во поеднаква битка за второто место на табелата во Западната конференција. И двата тима сега имаат скор од 43 победи и 27 пораз и може да го стигнат Денвер, кој во последно време е надвор од посакуваната форма.

Мемфис успеа да го совлада актуелниот првак, Голден стејт, на домашен терен славеше со убедливи 133-119, додека пак Сакраменто со сличен резултат беше подобар од Вашингтон (132-118) и успеа да влезе во изедначена трка за второто место. Домантас Сабонис постигна 30 поени, 9 скокови и 10 асистенции, а Теренс Дејвис натпреварот го заврши со 21 поен.

Денвер остана прв на табелата и покрај поразот од Њујорк од 116-110, во кој Никола јокиќ имаше 24 поени, 10 скока и 8 асистенции.

Резултати: Њујорк – Денвер 116-110, ЛА Клиперс – Орландо 108-113, Индијана – Филаделфија 121-141, Торонто – Минесота 122-107, Чикаго – Мајами 113-99, Мемфис – Голден стејт 133-119, Вашингтон – Сакраменто 118-132, Јута – Бостон 118-117.

ПретходноГвардиола: Го извадив Халанд бидејќи не сакав да го урне рекордот на Меси
СледноПМФЛ: “Пиратите“ и Јонуз ќе удрат на забревтаната Шкендија