Сосиедад убедлив против Елче, Вилјареал ја уништи Осасуна на нејзин терен!

46

Кубо и Барнетчеа беа стрелците за Сосиедад во победата над Елче попладнево во редовното коло во Ла Лига. Триумф од 2:0 за нови три бода за тимот од Сан Себастијан, па така со овие бодови сега Сосиедад е на позицијата бр.4 на табелата во Ла Лига.

На вториот меч попладнево, Вилјареал со 0:3 просто ја уништи Осасуна и тоа на нејзин терен. Чуквуезе погоди за 0:1 уште во 14.минута. Истиот играч четири минути пак даде гол, но истиот му беше поништен.

Во самиот финиш на средбата, Моралес со два гола стави печат на победата на гостите.

ПретходноВардар 1961 се чекираше на фајнл-фор завршницата во Купот!
СледноРепрезентативците се собираат: Пристигнаа Трајковски, Велковски, Бабунски…! (ВИДЕО)