Леон Едвардс (21-3, 1 НЦ) ја одбрани титулата на УФЦ 286 во полусредна категорија пред домашната публика во преполната О2 арена. По судиска одлука и пет рунди го победи Камару Усман (20-3). Двајца судии пресудија 48-46, додека еден 47-47.
🚨 ENTERING CHAMPIONSHIP ROUNDS 🚨 #UFC286 pic.twitter.com/fibeKBH8gL
— UFC (@ufc) March 18, 2023
Да потсетиме, во август Едвардс му го одзеде појасот на досега непоразениот Усман со шокантен нокаут на минута пред крајот на последната рунда. Усман и овој пат беше фаворит, но Едвардс со одлично издание ја одбрани титулата.
A dream come true for @Leon_EdwardsMMA 🙌 #UFC286 pic.twitter.com/7kzCCDeqx1
— UFC (@ufc) March 19, 2023
Во вториот главен меч Американецот Џастин Гетџи беше подобар од Рафаел Физиев. Физиев имаше далеку подобр старт, со повеќе удари, но Гетџи успеа да се врати во послената рунда, која му ја донесе победа на поени.
Гејџи славеше со мнозинска одлука (29–28, 29–28, 28–28), а побара уште една шанса да се бори за шампионската титула во лесна категорија.