Фрајбург со ремито во Мајнц оствари клупски рекорд

103

Екипата на Фрајбург за малку не успеа да го освои целиот плен на гостувањето кај Мајнц во 25.коло на Бундес лигата. Јапонскиот интернационалец Ритсу Доан во 55 минута му донесе водство на Фрајбург кој не издржа до крајот затоа што во шестата минута од судиското продолжение прими гол од Онисиво за 1:1.

Сепак и овој бод на Фрајбург му донесе клупски рекорд. Со 46 бода по 24 кола претставува изедначување на рекордот по број на освоени поени во Бундес лигата по сезоната 1994/95. Таа сезона Фрајбург заврши на третото место во конечниот пласман.

Моментално Фрајбург е четврти со поен предност во однос на петтиот РБ Лајпциг.

Исто така Фрајбург остана со една победа од 14 мечеви со Мајнц во првенството. Таа е остварена во јануари минатата година.

Foto> twitter.com/scfreiburg

ПретходноИма надеж за МЗТ Скопје во АБА-лига!
СледноГранеруд е светски шампион во скијачки скокови