„Џордан без Пипен и Џексон е само мит, не успеа во ништо друго“

327

Веста дека Мајкл Џордан одлучи да ги продаде голем дел од акциите на Шарлот потсети дека најдобриот кошаркар на сите времиња не успеа да биде ниту приближно успешен како сопственик. Од 2010 година кога го купи овој тим, само три пати влезе во доигрувањето, а таму беше елиминиран после првиот круг.

Сето ова го поттикна познатиот новинар Колин Каухерд да потенцира дека Џордан во својата кариера не направил ништо друго освен што освојуваше титули во Чикаго кога за соиграч го имаше Скоти Пипан, а за тренер Фил Џексон.

„Се обиде во бејзбол, не успеа. Се проба како сопственик, беше ужасен. Сео обиде во Визардси тоа експлодираше. Ако ги одземеме Пипан и Џексон, целата митологија за Џордан е само тоа. Можеби е најдобриот кошаркар на сите времиња, но беше помалку и себичен играч. Не е добар за градење на заедница, но за богатство е одличен. И тоа е во ред. Ова не е критика, туку реалност што е.

ПретходноСабаленка: Поминав низ пеколот, но кој ќе ми верува мене?
СледноПочнува мисијата „Евро 2024“: Вечерва собир на репрезентацијата пред мечот со Малта