Во моментов во Загреб на “Максимир“ се игра мечот меѓу Динамо Загреб и Ријека. Ова е “Последниот танц“ на иконата на Динамо, Аријан Адеми, кој после 13 години минати во таборот на “модрите“, си заминува и тоа во Кина.
И како што доликува, македонскиот репрезентативец е испратен на спектакуларен начин, денеска Адеми за последен пат игра за својот Динамо.
Посебно фановите на клубот, БББ на спектакуларен начин потсетија што тој значи и значеше за Динамо, па така тие преку транспарент му порачаа…
„ 373 пати срце на терен- капитену ти благодариме“.
Оваа бројка значи колку натпревари Адеми одиграл за Динамо Загреб.
Интересно уште во 1.минута, по центаршутот на Ристовски, Адеми имаше супер шанса за гол.