Гостивар фати залет, во „Младост“ падна Куманово!

85

Гостивар дојде до втората победа во низа во Првата лига, откако на домашен терен го совлада Куманово со 86-64 во меч од 18 коло. Избраниците на Љупчо Малинков до триумфот дојдоа сосема заслужено, доминираа во голем дел од мечот.

Ои 19-17 во првата четвртина, кошаркарите на Готивар осетлива предноста направија во втората четвртина ја добија со 24-16 и на одморот заминаа со резултат 45-33.

Куманово не успеа да промени ништо во играта после одмор, тоа домашниот состав го искористи максимално и на крајот победата беше убедлива.

Корсантиа и овој пат беше лидер кај гостиварци, зад своето име запиша 23 поени и 8 скока, зад него беше Виктор Ефремовски со 17 поени. Во редовите на гостинскиот табор, Марјановиќ реализираше 19 поени.

ПретходноРепрезентативците се собираат: Пристигнаа Трајковски, Велковски, Бабунски…! (ВИДЕО)
СледноНова брука на Меси, Мбапе и компанија: ПСЖ поразен од Рен на „Паркот на Принцовите“! (ВИДЕО)