ПМФЛ: “Пиратите“ и Јонуз ќе удрат на забревтаната Шкендија

309

 

Денеска од 15 часот на стадионот на Автокоманда во Скопје, ќе се одигра последниот натпревар од 24.коло во ПМФЛ помеѓу Скопје и Шкендија. Меч по кој се оди на двонеделна пауза поради репрезентативните обврски.

Ова ќе биде дуел кој е екстра значаен и за двете екипи. За Скопје во битката за опстанокот, а за Шкендија за фаќање приклучок во битката за титулата.

“Пиратите“ се мотивирани, новиот тренер Мирсад Јонуз донесе некои нови елементи во играта на тимот. Па така и покрај улогата на голем фаворит во која се наоѓа Шкендија, повеќе од јасно е дека Скопје си има свои амбиции, свои шанси за добар резултат.

Тетовци и на овој натпревар не ќе можат да сметаат на Љупчо Дориев, Башким Велија и Дашмир Елези.

Нема слика

За тоа што може да очекува Шкендија,која е во победничка серија, од овој меч свој коментар има Бруно Дита:

“Како и на секој натпревар во ПМФЛ така и на овој нема да биде лесно. Сепак Шкендија посакува со трите бода да се врати во Тетово. Свесни сме дека теренот на Автокоманда ќе ни задава проблеми, тој е нешто потесен, но мораме да бидеме фокусирани“ рече покрај другото интернационалецот од Албанија.

ПМФЛ -24.КОЛО – ДЕНЕСКА (15 Ч)

Скопје – Шкендија

ВЧЕРА:

Тиквеш – Македонија ЃП 0:1

Победа – Силекс 1:5

А.Пандев – Шкупи 1:1

Работнички – Струга ТЛ 0:1

Брегалница (слободна)

ТАБЕЛА: Струга ТЛ 46, Шкупи 42, Шкендија 38, Силекс 38, Брегалница 32, Македонија ЃП 29, Тиквеш 28, Работнички 24, А. Пандев 20, Скопје 14, Победа 13…

ПретходноСе менуваат работите на Западот: Сакраменто сериозно му се закани на Мемфис (ВИДЕО)
СледноУФЦ: Едвардс го победи Усман и ја одбрани титулата!