Шифрин со 88. победа во кариерата ја заврши сезоната во СК

209

Американката Микаела Шифрин победи на последниот велеслалом во сезоната, во финалето на Светскиот куп кој е одржан во Солде, Андора. Шифрин ја оствари 88 победа во СК, а 14. оваа сезона. Таа оствари време од 1:55.88, додека втора заврши Норвежанката Теа Луиса Стјернесунд со задоцнување од шест стотинки. Третото место го освои Валерија Грение од Канада која доцнеше 20 стотинки во однос на победничката.

Шифрин освен Големиот кристален глобус како севкупна победничка во женска конкуренција, го освои и Малиот кристален глобус како најдобра во велеслаломските трки. Во оваа дисциплина таа освои 800 бодови, додека втора заврши Лара Гут Бехрами со 532 поени.

Претходно Шифрин го освои и Малиот кристален глобус во слаломот.

А во машка конкуренција во Солде се возеше слалом на последната трка од СК. Победи Швајцарецот Рамон Зенхаузем пред Норвежаните Лукас Братен и Хенрик Кристоферсен.

Така Малиот кристален глобус во слалом му припадна на Братен кој освои 546 поени пред Кристоферсен.Инаку севкупен победник во СК во машка конкуренција е Марко Одермат.

ПретходноГранеруд е светски шампион во скијачки скокови
СледноЈувентус победи на „Меаца“ со контроверзен гол (видео)