Манчестер Јунајтед – Фулам 3:1 во 1/4 финалето од ФА Купот. Каква драма, каков пресврт на “ѓаволите“ ако се знае дека со голот на Митровиќ, гостите водеа со 0:1. И се така беше до 75.минута кога Бруно Фернандеш од пенал израмни на 1:1, следуваше голот на Сабицер за 2:1, за да точка стави повторно Фернандеш во 90+6.минута.
Меч на кој имаше пенали, но и три црвени картони.
Познати се и полуфиналните двојки, имен Јунајтед ќе игра со Брајтон, а Сити со Шефилд. Тоа значи дека е можна мега – пресметка на градските ривали во големото финале.