Се „кова“ стратегија за победничко отворање на квалификациите (ФОТОГАЛЕРИЈА)

676

Македонската фудбалска репрезентација го одржа вториот тренинг вечерва на терените на ФФМ. Репрезентативците работеа под раководство на Благоја Милевски и се спремаат за предизвикот наречен Малта во квалификациите за ЕП 2024. Натпреварот се игра во четврток на стадионот „Тодор Проески“ во Скопје, а потоа на истиот стадион ќе одигра и пријателски меч со Фарските Острови.

На тренингот присуствуваа и Аријан Адеми и Стефан Ристовски кој денеска допатуваа во Скопје. Адеми во неделата се збогува со навивачите на Динамо затоа што направи трансфер во Кина.

 

ПретходноДел од фудбалерите на Тотенхем не сакаат да работат со Конте по скандалозниот прес
СледноРепрезентативците се дружеа со фановите и делеа автограми (ФОТО)