ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Горан Симов (Македонија ЃП)

237

Деби меч и веднаш победа, и тоа среде Кавадарци и тоа кај Тиквеш. Секако дека тука мислиме на Горан Симов, новиот стратег на Македонија ЃП. “Лавовите“ дојдоа во Кавадарци, одиграа како по ноти, постигнаа прекрасен гол преку Фазли, тука мислиме на акцијата на која и претходеше голот и му ја донесоа првата победа на првиот меч на својот нов тренер.

Веднаш се гледа дека по разделбата со Муарем Бајрами раководството на клубот од Ѓорче реагираше како што треба. Донесе квалитетен стратег. Милина беше да ги гледаш „лавовите“ како се разиграа, растрчаа на теренот на Тиквеш и како победија.

ПретходноТИМ И ИГРАЧ НА 24.КОЛО: Малески е херојот на Струга ТЛ
СледноКоментар на 24.коло:Струга ТЛ по планот, Шкупи “поткашлува“, Шкендија во победничка серија…