ФИА ја поништи казната, Алонсо е трет на подиумот во Џеда

108

Фернандо Алонсо, сепак, е третопласиран на ГН на Саудиска Арабија. Тој заврши трет, меѓутоа после трката ФИА му изрече казна од 10 секунди поради што тој падна на четвртата позиција, а неговата позиција ја зема Џорџ Расел. Казната се однесуваше за неправилно „отслужување“ на петсекундниот „пенал“ поради погрешно поставување на стартот.

Сепак, ФИА ја поништи одлуката по жалбата на неговиот тим:

На стјуардите им е покажано видео од последниот состанок и докази за седум различни болиди кои ги допреле дигалките додека отслужувале слична казна како Алонсо, а не беа дополнително казнети. Тимот се жалеше на одлуката на стјуардот затоа што оцени дека одлуката е неправилна. ФИА ја прифати и ја поништи казната“, соопштија од ФИА.

Со тоа Алонсо по 100. пат во кариерата се качи на подиумот.

ПретходноМЃП и Вардар в сабота со пријателска средба
СледноДобредојдовте – Адеми и Стефан пречекани од првиот човек на ФФМ