Адетокумбо стигна до историски трипл-дабл, кој Јокиќ веќе го оствари (ВИДЕО)

150

Оваа сезона Никола Јокиќ стана само третиот играч во историјата на НБА-лига кој постигнал трипл-дабл со најмалку 20 поени и без ниту еден промашување од поле. Пред него тоа го направија Дрејмонд Грин и Вилт Чембрлен, а сега им се приклучи и Јанис Адетокумбо.

Грчкиот ѕвер постигна 20 поени, 13 скока и 10 асистенции со перфектен удар од поле (9/9), во кој реализираше и една тројка, но стандардно беше несигурен од линијата за слободни фрлања (3/7). Неговиот Милвоки Бакс го победи Торонто Репторс со 118:111 и со резултат 51-20 го обезбеди лидерското место на Истокот.

Јокиќ синоќа оствари и нов трипл-дабл, 28-ми во сезоната, но сепак промаши три шута (9/12) за учинок од 22 поени, 17 скока и 10 асистенции. Неговиот Денвер Нагетс го совлада Бруклин Нетс со 108:102 на гостински терен, што е само втора победа во последните седум натпревари, но со скор од 48-24 и понатаму се сигурни на врвот на Западот.

Резултати:
Бруклин – Денвер 102:108
Оклахома – Феникс 124:120
Сан Антонио – Атланта 126:118
Детроит – Мајами 100:112
Хјустон – Њу Орлеанс 107:117
Милвоки – Торонто 118:111
Портланд – ЛА Клиперс 102:117
ЛА Лејкерс – Орландо 111:105

ПретходноЃоковиќ повеќе не е број еден, сензационалниот тинејџер преку Медведев до тронот!
СледноПо поразот од Рен, сите играчи останаа на терен освен Меси (ВИДЕО)