Англискиот второлигаш Виган Атлетик ќе остана без три бода на контото, бидејќи клубот не ги исплатил платите на фудбалерите за месец март.
Иако ситуацијата на Виган во Чемпионшип изгледа страшна, сега изгледа уште полоша. Тимот е на последното место во Чемпионшип и згора на тоа, сега му се одземени три бода. Ова е вторпат Виган да не им исплати плати на фудбалерите. Во јуни 2022 година, јули 2022 година и октомври 2022 година, Виган исто така беше казнет поради неплаќање плати на играчите.