Репрезентативците на Македонија во четврток ќе го одиграат квалификацискиот меч со Малта, а пополека се собираат во ФФМ. Аријан Адеми и Стефан Ристовски, довчерашното дуо на Динамо Загреб Ристовски и Адеми во хотелот „Хилтон“ во Скопје беа пречекани од претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, спортскиот директор на репрезентацијата, Дени Масев како и селекторот Благоја Милевски.
Првпат по ноември 2022 година и поразот од Азербејџан, нашите репрезентативци ќе одиграат натпревар. Сега е квалификациски против Малта во Скопје, а четири дена подоцна во пријателски меч ќе се сретнат со Фарските Острови исто така во Скопје.