Иван Николов: Овој турнир ќе ни биде одлична подготовка за квалификациите

284

Македонската репрезентација до 21. година денеска се комплетираше во Анталија, и во следите недела дена ќе биде дел од турнирот на кој уште учевствуваат и репрезентациите на Летонија, Финска и Словачка.

Ова за избраниците на селекторот Драган Канатларовски ќе биде одлична можност да се увидат моменталните сили и капацитети, да се провери формата како индивидуална, така и колективна, и да се поработи на деталите кои сеуште ни се проблем. Квалификациите ќе дојдат набргу, а таму немаме простор за грешки.

Турнирот го стартуваме в четврток на 23. додека, пак на 25. следува дуелот со Финска. Завршуваме со оној на 28. против Словачка.

„Во денешно време нема лесни противници. Пред нас е еден голем предизвик, имаме шанса да избориме нешто големо, а тоа е пласман на Европско првенство. Имаме серија на добри резултати, што ни дава за право да се надеваме и на добри квалификации. Одиме чекор, по чекор, има време до стартот на квалификациите и најдобро за нас е како што треба да го искористиме овој подготвителен период. Да се подбриме во некои сегменти од играта и подготвени да го дочекаме стартот на квалификациите. Верувам во нашите квалитети, оваа генерација има капацитет за многу.  Првиот меч тука во Анталија ни е против Летонија. Исклучително тежок противник, со доста корпулентни, силни, физички подготвени репрезентативци. Поквалитетни сме од нив, но тоа мора да се покаже на терен. Се надевам на добро издание како на овој дуел така и на преостанатите два против Финска односно Словачка“ – изјави македонскиот младински репрезентативец Иван Николов.

 

ПретходноСедлоски и Васоски јако ја СПУКАА!
СледноВардар 1961 ја закажа пресметка со Пелистер!