Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски оваа недела ја почнува со скок од две места на најновата АТП-листа.
Ивановски се наоѓа на 475 место, што е највисок ранг во неговата кариера. Нашиот најдобар тенисер настапуваше на ИТФ-турнирот што се одржува во Поатје, Франција каде стигна до полуфиналето.
За постетување на врвот на АТП-листата оваа недела има промени, првото место му припадна на Карлос Алкараз, кој го освои Индијан Велс. Добро е познато дека Новак Ѓоковиќ не доби дозвола да влезе во САД, бидејќи нема Ковид-вакцина.