Македонија со 15 каратисти на ЕП во Гвадалахара

224

Македонската карате репрезентација од среда ќе биде дел од Европско првенство за сениори во Гвадалахара. Боите на Македонија ќе ги бранат вкупно 15 натпреварувачи, 10 во борби и пет во кати. И во двете конкуренции Македонија ќе има и екипен настап.

Меѓу нашите адути се освојувачот на бронзениот медал од последното ЕП во Турција, Петар Спасеновски и Емил Павлов, кој е носител на четири медали од ЕП, по два златни (2014 и 2018 г.) и бронзени (2016 и 2019).

На ЕП во Гвадалажара ќе се појават 47 земји со преку 550 натпреварувачи.

ПретходноМекиќ дебитираше со 15 поени и пораз во дресот на Задар
СледноМарколини го скрати списокот: Малта со 24 фудбалери доаѓа во Скопје