Екипите на Вардар, Ѓорче Петров, Металург и Куманово се пласираа на фајнл-фор турнирот во Купот на Македонија во женска конкуренција.
„Црвено-црните“ до полуфиналето стигна на сметка на Деспина, ја совлада со убедливи 38-20. Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Ивона Трпевска со осум и Магдалена Тошевски со шест, додека Весна Христоска даде исто толку за Деспина.
Бранителот на трофејот Металург ја совлада Стружанка со 15-25. Во победничкиот тим Мила Трајковиќ имаше девет погодоци, додека Јана Калајџиевска седум гола.
Куманово беше подобар од Пелистер со 27-32, додека Ѓорче Петров пак беше подобар од Спартак со 18-36.