Екипите на Македонија ЃП и Вардар следниот викенд, во рамките од репрезентативната пауза која што се случува во моментов ќе одиграат пријателска средба.
Истата е закажана за в сабота на Стадион „Ѓорче Петров“ со почеток во 15:00 часот.
И двата тима имаат младински репрезентативци кои во моментов се со национален повик, па сите останати ќе бидат дел од овој меч.