Прва лига жени: Баскет Кам стартува од првата позиција во плеј-офот!

77

Екипата на Баскет Кам 2011 ги дочекува натпреварите од плеј-офот, од најдобрата, од првата стартна позиција. Кошаркарките од Македонска Каменица го добија дерби дуелот од 14, последно коло од регуларниот дел од сезоната, го совладаа Вардар со 73:63.

Дури четири кошаркарки на Баскет кан 2011 го завршија натпреварот со двоцифрен број на поени. По 17 дадоа Марија Николов и Елена Тасевска, свои минути имаа и Сања Адамоска која заврши со 16 поени и 14 скока. На другата страна Славица Наков постигна 24 поени.

Дуелот кој одлучуваше која екипа ќе заврши на петтото место во кој се сретнаа екипите на МЗТ Скопје Аеродром и Струга 2009 им припадна на новите освојувачки на Купот, кои славеа со 75:61. За противник во битките за вториот трофеј во оваа сезона МЗТ Скопје ќе игра против Вардар.

Доигрувањето за шампионската титула ќе стартува на 8. април.

ПРВА „А“ ЛИГА-ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ 14. КОЛО

Крива Паланка – Пробаскет     83:38

МЗТ Скопје Аеродром – Струга 2009            75:61

Гризли – Бадел 1862       43:68

Вардар – Баскет Кам 2011        65:73

ТАБЕЛА: Баскет Кам 2011 26, Бадел 1862 24, Крива Паланка 23, Вардар 21,МЗТ Скопје Аеродром 21, Струга 2009 19, Гризли 17, Пробаскет 15;

БАРАЖ-НАТПРЕВАРИ

(25 март, 29 март, 1 април*)

Пробаскет – Патриот 2016

Гризли – Шкупи

*ако биде потребно

ПЛЕЈ-ОФ

ЧЕТВРТФИНАЛНИ ДВОЈКИ

(1) Баскет Кам 2011 – (8)Пробаскет/Патриот 2016

(2) Бадел 1862 – (7)Гризли/Шкупи

(3) Крива Паланка – (6) Струга 2009

(4) Вардар – (5)МЗТ Скопје Аеродром

ПретходноСудии од Естонија ќе ни делат правда против Малта
СледноСимоне Инзаги: Огорчени сме