Рафаел Надал после речиси 18 години падна „ниско“

233

Карлос Алкараз го презеде првото место на АТП листата од Новак Ѓоковиќ и ја започна 21-та недела на врвот на светскиот тенис, а овој понеделник Рафаел Надал доживеа нешто што не му се случило речиси 18 години – отпадна топ 10 на АТП листата.

Откако влезе во Топ 10 за прв пат во кариерата на 25 април 2005 година, Надал никогаш во кариерата не испаднал од тениската елита. Тоа им се случи на Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер, но никогаш и на Надал. На крајот имаше серија од 934 недели меѓу најдобрите десет тенисери во светот, која сега е завршена.

ПретходноМеталург ќе го брани Куп трофејот!
СледноСудии од Естонија ќе ни делат правда против Малта