Судии од Естонија ќе ни делат правда против Малта

150

Македонската фудбалска репрезентација в четврток, на 23 март, со почеток од 20:45 часот на Арената Тодор Проески во Скопје, го стартува следниот квалификациски циклус за пласман на ЕВРО. Момците на селекторот Благоја Милевски имаат за задача да ја отворат оваа кампања со победа, а предмалку од УЕФА пристигна и информацијата кои се арбитрите кои ќе ја дечат правдата на овој дуел.

Се работи за квартет на судии од Естонија, кои што се предводени од Кристо Товер. Арбирар кој има 41.година и кој има досега искуство Лигата на Европа, Конференциската Лига, а интересно е што ова нема да му биде прво гостување во Скопје.

Напротив, претходно Товер го водел дуелот од Квалификациите за Лигата на Европа помеѓу екипите на Работнички и Хонвед во 2018 година, како и квалификацискиот дуел на У21 репрезентацијата на Македонија против репрезентацијата на Шкотска во 2016 година, меч кој секако беше дел од онаа легендарна кампања која што не одведе на ЕВРО до 21. година во Полска во 2017 година.

Конечно, во 2014 година го судел и У21 дуелот во Скопје против Израел кој го загубивме со 0:3.

Негови помошници ќе бидат Силвер Коив и Стен Класен.

 

ПретходноРафаел Надал после речиси 18 години падна „ниско“
СледноПрва лига жени: Баскет Кам стартува од првата позиција во плеј-офот!